Preotocol Academy Header

Школата за протокол во Вашингтон стана прва и единствена акредитирана школа за протокол и етикеција во САД!

ПРВИОТ ВПЕЧАТОК Е ТОЈ ШТО ОСТАНУВА!

„Вие = 55%  како изгледате + 38% како зборувате +  7%   што  зборувате!!“

(според истражувањето спроведено од Универзитетот` „Харвард“, Фондацијата „Kарнеги“ и Институтот за истражување „Станфорд“)

Колку пати треба да ja стиснам раката кога се ракувам? Со какво пенкало да го потпишам договорот со клиентите од Азија? Кога е вистинското време за здравица? Дали „БМВ“ е само автомобил? Кој е мојот „моќен костум“? Како да се облечам кога на поканата пишува „елегантно неформално“? Да носам подарок или не?

Како се претставувате и се однесувате пред своите клиенти, партнери или колеги е она што Ви дава кредибилитет! Вие сте пораката и Вашиот имиџ е Вашето скалило кон успехот. Светските компании ја препознаваат важноста од познавањето на протоколот и етикецијата, и ниту еден  човек не може да се смета за успешен  доколку не ги познава стандардите на однесување. Од две личности со исто образование, искуство и интелигенција, секогаш предноста ја има онaa што е соодветно облеченa, пристоjнa и љубезнa.

Да се познава протоколот не значи само да се познаваат финесите на однесување во различни  пригоди. Протоколот Ви дава сигурност и можност да ги избегнете сите деловни или дипломатски непријатни ситуации кога работите или се дружите со луѓе од друг статус, религија, култура, каде што владеат поинакви правила. Со таков кредибилитет, станувате дел од глобалните трендови каде што познавањето на протоколот и добрите манири се дел од сечие резиме.

Затоа, инвестирајте во Вашиот успех!

Познавањето на протоколот нека стане дел од Вашата личност, а Вие секогаш ќе бидете забележани, почитувани и омилени во својата средина.  Било да сте домаќин, гостин, претставник на својата фирма или влада, впечатокот што ќе го оставите врз другите ќе биде траен – тогаш потрудете се тоа да биде најдобриот впечаток што некогаш сте го оставиле!

За кого?

  • Сите што сакаат да го збогатат своето знаење во етикецијата и протоколот
  • Претприемачи
  • Деловни професионалци кои водат интернационален бизнис
  • Деловни, воени и владини офицери за протокол
  • Консултанти за етикеција и протокол
  • Владини службеници
  • Државни службеници
  • ПР професионалци
  • Административен персонал, секретарки, лични асистенти, административни асистенти
  • Планери на настани
  • Угостителски работници
  • Вработени во туризмот
  • Службеници за кадровски прашања
  • Обучувачи
  • Имиџ консултанти и стилисти
  • Советници
  • Новинари
  • Преведувачи

Што ќе добиете?

  • Стручност и компетентност во деловната и дипломатската комуникација
  • Знаење за меѓународната и личната дипломатија
  • Знаење за правилната општествена етикеција, вклучувајќи ги и манирите на маса
  • Подобрен личен и професионален имиџ
  • Вештини за подготовка и организација на репрезентативни настани
  • Зголемена самодоверба во официјалните, формалните и неформалните контакти
  • Државни службеници
  • Подобри комуникациски вештини
  • Подобри односи со јавноста
  • Разбирањето на кодексот на облекување
  • Познавање на мулти-културните разлики и поголема самодоверба за работа при меѓународни организации
  • Подобра професионалност во работење со странски партнери