Preotocol Academy Header

Коментари

Обуката беше најпозитивната обука што ми се случила и се чувствував исполнета. Едвај чекам учење на нови модули.
И.Р, Министерство за земјоделство


Прекрасно организирано и учењето многу ми помогна во секојдневното работење. Сега забележувам колку ми значат тие информации и како забележувам кога други не ги применуваат.
Р.П., АМСМ


Сега знам како да ги организирам работите и знам дека тоа го правам исправно, Моите сомнежи ги нема.
Л. К., Општина Пеќ


Секој час беше вистинско задоволство. За многу работи мислев дека ги знам, ама се покажа дека недоволно прецизно сум ги познавала. Ми откривте нови можности за мојата кариера. Со нетрпение ги чекам новите модули.
Е.П., Њу Момент, Скопје


Уживав што бев член на првата група во Приштина, што запознав многу луѓе и што научив од Вашето огромно искуство.
Н.Д., УНКТ, Приштина


Секоја чест за начинот на кој ни беше пренесено знаењето. Повеќе од сигурна сум дека стекнатите знаења можат да се применат во секојдневното живеење, а особено на работното место.
В.Ц., Македонски Пошта, Скопје


Ова беше многу возбудливо и опуштено. Секој момент учев по нешто ново и корисно не само за работата туку и за животот воопшто.
М.К., ММФ Приштина


Благодарам на сите од Академијата за незаборавните моменти за време на часовите.
В.О. , студент од Приштина


Со големо задоволство ќе кажам дека за време на обуката се чувствувам пресреќен што добивав знаење кое ме промени и кое ја промени институцијата во која работам. Ова беше прв чекор во моето напредување.
А.Т., Колпинг Косова, Приштина


Научив дека во албански дом, не треба да ја изедам баклавата цела. Одлично приредена настава.
Б.З., Далма, Скопје


Нестрплива сум да научам сé и да имам прилика да го применам. Се чудам на колку ли деловни ручеци погрешно сум се однесувала, а сум сметала дека така треба. Благодарам за наученото!
А.К. Офис Плус, Скопје


Многу корисно. Одлична обука!
И.Б., УНХЦР, Приштина


На почетокот ни беше кажано дека ќе се промениме. И навистина се променивме! Внимавам на својот став кога сум на ручек или деловна вечера, внимавам како се однесувам со луѓе од други култури и размислувам кога треба да напишам покана или картичка. Оваа Академија ги постави темелите на протоколот и доброто однесување!
Ж.М. Франкфуртска школа за финансии и менаџмент, Приштина


Најмногу ми се допадна што вежбавме практично. Одлично беше!
М.Т. Амбасада на Холандија, Скопје


Иако мислев дека по цел ден поминат на работното место часовите ќе ми бидат напор, тие ми минуваа за миг! Наставата изобилува со корисни информации, предавањата се интересни, течни, зачинети со случки од богатото професионално искуство на професорката. Навистина вредеше секоја минута помината на Академијата, затоа што нема голема жртва кога станува збор за сопствената надградба!
П.М.П., Народна Банка, Скопје


Имав привилегија да бидам дел од првата генерација на Академијата во Косово и тоа беше најдобрата професионална одлука што ја донесов. Добрите манири се како се претставуваш и како другите те перцепираат. Ние сме претставници на фирмата во која работиме. Обуката ја завршив со огромна самодоверба и во очекување на продолжување на истата. Ако сакате да вложите во својот успех, вложете во најдоброто – Академијата за протокол.
А.К. Проф. по англиски, Приштина


Искрена благодарност за високото ниво на обука. Научив многу нови работи кои ќе ми бидат од корист во кариерата. Сите модули ги вежбав во пракса и сфатив дека тоа беше нешто извонредно.
А.К., АЛМП, УНДП, Приштина


Да продолжиме и понатаму на повисоко ниво и да учиме практично со дружење!
Ј. П. Алкалоид, Скопје