ОБУКА
НОВО!!! ОРГАНИЗИРАМЕ И РАБОТИЛНИЦИ И КРАТКИ ОБУКИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ!
Обуката е динамична, интерактивна и се одвива во пет основни модули – Надминете ја конкуренцијата – деловна етикеција, Јадете како дипломат – манири на маса, Како да успеете на меѓународна сцена – мултикултурни манири, Дипломатски протокол, Уметноста на говорењето. Учесниците ќе имаат можност да научат и други модули – Сé за виното, Деловен имиџ и шминка, Во албанскиот дом, Протоколот во МПЦ, Не-вербален говор, Замки на македонскиот јазик, Воен протокол, Танц за секоја пригода... кои што ќе бидат вклучени во редовните модули.
Академијата ги следи најновите модели на обука на возрасни, во класови од најмногу 25 лица. Секој модул е придружуван од симулирани ситуации кои што на вработените ќе им овозможат да го покажат наученото. На крајот од обуката на учесниците ќе им биде врачена диплома.
Обуката опфаќа пет основни модули:
- Надминете ја својата конкуренција – деловна етикеција
- Јадете како дипломат – манири на маса
- Како да успеете на меѓународна сцена – мултикултурни манири
- Дипломатски протокол
- Уметноста на говорењето
Се претпочита познавање на англискиот јазик, но не е задолжително. Секој учесник ќе добие материјали за секој модул. Сите материјали се со заштитени авторски права на Школата за протокол во Вашингтон®.
Се препорачува деловен кодекс на облекување за време на обуката.
ОБУКА
31.01 – 02.02.2012, Skopje
Целосна обука
10.02.2012 – 12.03.2012, Скопје
ОБУКА ЗА УБАВО ОДНЕСУВАЊЕ ЗА
ДЕЦА
ОД 7 - 14 ГОДИНИ
од 7–10 год. 3, 4, 10 и 11 декември од
10.00–14.00 ч.
од 11–14 год. 3, 4, 10 и 11 декември од 16.30–20.30 ч.
Цена за едно дете, 9.500,00
Цена за две деца од исто семејство по 8.000,00 ден.
Цената вклучува: материјали, диплома според Школата за протокол од Вашингтон, освежувања и закуски, фотографија од доделување на дипломите и свечен ручек во ресторан).


