Јадете како дипломат – манири на маса
„Ако треба да изберете меѓу два курса Професионално сметководство и Основното за приборот за јадење, изберете ги ножот и вилушката“ – Харви МекејИнвестирајте во својот успех!
Јадењето не е деловна вештина. Но навистина е тешко да се замисли успешен бизнисмен кој не ги совладал овие основни вештини...
Масата не е место каде што се зборува за бизнис, но многу зделки се склучени токму после добар ручек или вечера. Ќе Ви се прости доколку блитвата ја збркате со спанаќ, или рижотото со пилав – но да ја кренете чашата за да си наздравите себе си е нешто што сите ќе Ви го запаметат!
Манирите на маса ќе Ви дадат преглед на современите трендови во организирањето настани, ручеци или вечери – од идејата, поканувањето, списоците на гости, распоредите за седење, па сé до испраќањето на картичка со благодарност. Овој модул посебно ќе им помогне на оние чии работни обврски вклучуваат организирање на меѓународни посети, состаноци, церемонии и други настани, а се дава и мал осврт за виното.
За kого?
- Сите што сакаат да го збогатат своето знаење за манирите на маса
- Планери на настани
- Претприемачи
- Деловни, воени и владини офицери за протокол
- Консултанти за етикеција и протокол
- Деловни професионалци кои водат интернационален бизнис
- Угостителски работници
- Владини службеници
- Државни службеници
- ПР професионалци
- Административен персонал, секретарки, лични асистенти, административни асистенти
- Службеници за кадровски прашања
- Обучувачи
- Имиџ консултанти и стилисти
- Советници
- Новинари
- Преведувачи
ПРВИОТ ВПЕЧАТОК Е ТОЈ ШТО ОСТАНУВА!
ОБУКА
31.01 – 02.02.2012, Skopje
Целосна обука
10.02.2012 – 12.03.2012, Скопје
ОБУКА ЗА УБАВО ОДНЕСУВАЊЕ ЗА
ДЕЦА
ОД 7 - 14 ГОДИНИ
од 7–10 год. 3, 4, 10 и 11 декември од
10.00–14.00 ч.
од 11–14 год. 3, 4, 10 и 11 декември од 16.30–20.30 ч.
Цена за едно дете, 9.500,00
Цена за две деца од исто семејство по 8.000,00 ден.
Цената вклучува: материјали, диплома според Школата за протокол од Вашингтон, освежувања и закуски, фотографија од доделување на дипломите и свечен ручек во ресторан).

Јадете како дипломат – манири на маса
