Preotocol Academy Header

Како да успеете на меѓународна сцена – мултикултурни манири

„Знам дека веруваш дека си го разбрал тоа што мислиш дека го кажав, ама не сум сигурен дека сфати дека тоа што го слушна не го кажав“ – Оскар Вајлд

Инвестирајте во својот успех!

Глобализацијата на бизнисот може да биде голем предизвик, но и бескрајна можност за грешки. Поголемиот дел од грешките се должи на непознавање, а не на лоши намери. Вистинските бизнисмени знаат дека мултикултурните манири, сега кога бизнисот стана интернационален повеќе од кога било, се дел од основното познавање на протоколот и етикецијата. Културните погрешни комуникации, недоразбирањата и погрешните концепции може да имаат најсериозни последици, и тоа не само врз Вашиот бизнис.

Мултикултурните манири ќе Ви помогнат да ги сфатите однесувањата на другите и ќе Ви ги приближи културните правила и традиции кои се различни од Вашите. Во овој модул се изучуваат главните карактеристики на однесување во другите религии и нации, како и различноста на гестикулација.

За kого?

  • Сите што сакаат да го збогатат своето знаење во мултикултурните манири
  • Претприемачи
  • Деловни професионалци кои водат интернационален бизнис
  • Деловни, воени и владини офицери за протокол
  • Консултанти за етикеција и протокол
  • Владини службеници
  • Државни службеници
  • ПР професионалци
  • Административен персонал, секретарки, лични асистенти, административни асистенти
  • Планери на настани
  • Службеници за кадровски прашања
  • Обучувачи
  • Имиџ консултанти и стилисти
  • Советници
  • Новинари
  • Преведувачи


ПРВИОТ ВПЕЧАТОК Е ТОЈ ШТО ОСТАНУВА!