ЗА НАС
Академија за протокол на Македонија
Академијата за протокол на Македонија е единствена институција од ваков вид во земјата и пошироко, која нуди обука по протокол и етикеција по ексклузивна лиценца и сертификација на Школата за протокол од Вашингтон, водечка институција за протокол и добро однесување во САД.
Наставната програма е резултат на долгогодишнотo искуство во индустријата и е збир на најдобрите светски практики. Пo повеќе од дваесетгодишно постојано истражување, наставната програма на Школата за протокол од Вашингтон станува една од најдобрите во светот и гарантира највисоко ниво на обука за сите што ја сфаќаат важноста од познавањето на вештините на протоколот нa домашната и меѓународната сцена.
Академијата за протокол обезбедува и консултантски услуги од протокол, предавања и презентации, обука во Вашата фирма за групи не помали од 10 лица, и обука еден-на еден.
Директор
Лукреција Маљковиќ-Атанасовска е основач и директор на Академијата за протокол на Македонија и e меѓународен консултант по етикеција и протокол, сертифициран од Школата за протокол од Вашингтон®. Своето долгогодишно работно искуство во протоколот и односите со јавност, г-ѓа Маљковиќ-Атанасовска го пренесува и во практика, споделувајќи го своето знаење и вештини со многу деловни клиенти, домашни институции, дипломатски претставништва и амбасади.
Учесник е на многубројни меѓународни конференции и обуки зa протокол, односи со јавностa и медиумитe и комуникацискитe вештини, меѓу кои и Регионалниот центар за обука на Стејт Департментот во Франкфурт, Германија, Европската комисија во Брисел, Националниот центар за обука во САД „Џорџ Шулц“ и Школата за професионални студии при Институтот на Форин Сервис. Специјализира во Школата за професионални лингвисти во Кембриџ, Велика Британија и Школата за oдноси со јавност од Лондон.
Во 2003 година, г-ѓа Маљковиќ-Атанасовска ја доби наградата „Бенџамин Франклин“ на американскиот Стејт Департмент за создавање и усовршување на протоколарната база на податоци за потребите на Американската амбасада во Скопје. Г-ѓа Маљковиќ-Атанасовска е член на Меѓународната Асоцијација на службеници за протокол и дипломатија со седиште во Вашингтон, САД.
Лукреција Маљковиќ - Атанасовска беше прогласена за една од десетте најуспешни жени менаџери за 2008 од страна на Агенцијата МАРИЛИ.
За Школата за протокол во Вашингтон®
Школата за протокол во Вашингтон® е водечка институција
во САД и меѓу најдобрите во светот, која обезбедува обука за протокол
и етикеција. Основач на Школата е Доротеа Џонсон, експерт зa меѓународен
протокол, која уште во 1986 година ја согледува потребата од ваква
обука за професионалци и за сите што сакаат да го подобрат своето
знаење и имиџ. Глобалната сцена, се поголемите деловни контакти
меѓу компании од сите делови на светот бараат извонредно познавање
на културата, обичаите и традициите на деловните партнери.
Памела Ајринг, директор на Школата за протокол, ја издигна наставата
на експертско ниво, а нејзиното огромно искуство ја стави Школата
за протокол во Вашингтон® на највисокото место во американскиот
едукативен систем. Преку одобрувањето на ексклузивни и уникатни
национални лиценци, само на докажани познавачи на протоколoт, Школата
за протокол во Вашингтон® го докажа својот примат и на глобално
ниво.
www.psow.com
www.protocolinternational.org
ОБУКА
31.01 – 02.02.2012, Skopje
Целосна обука
10.02.2012 – 12.03.2012, Скопје
ОБУКА ЗА УБАВО ОДНЕСУВАЊЕ ЗА
ДЕЦА
ОД 7 - 14 ГОДИНИ
од 7–10 год. 3, 4, 10 и 11 декември од
10.00–14.00 ч.
од 11–14 год. 3, 4, 10 и 11 декември од 16.30–20.30 ч.
Цена за едно дете, 9.500,00
Цена за две деца од исто семејство по 8.000,00 ден.
Цената вклучува: материјали, диплома според Школата за протокол од Вашингтон, освежувања и закуски, фотографија од доделување на дипломите и свечен ручек во ресторан).


